strumica denes logo

Ристо Манчев е кандидат за градоначалник на општина Босилово од ВМРО-ДПМНЕ!

Автор:

Датум:

мај 28, 2025

Автор:

Датум:

мај 28, 2025

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница на која главен фокус беше подготовката за претстојните локални избори. Во рамки на состанокот се разгледуваа повеќе предлози за кандидати за градоначалници од редовите на партијата.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Меѓу донесените одлуки, беше потврдено дека Ристо Манчев повторно ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Босилово. Манчев, кој веќе има искуство како прв човек на општината, доби поддршка од партиските структури како доказ за неговата досегашна работа и довербата што ја ужива меѓу граѓаните.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека кандидатите се избрани врз основа на теренски анализи, анкетни истражувања и партиски консултации, со цел да понудат најквалитетни решенија за локалната самоуправа.

Партијата најави дека во наредните денови ќе продолжи со објавување на имињата на кандидатите и за другите општини низ Македонија.