УРЕДУВАЊЕТО НА ПОРОЈОТ „КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА“ СЕ ОДВИВА СПОРЕД ПЛАНИРАНАТА ДИНАМИКА!

ноември 20, 2020

📣Уредувањето на поројот „Крушевска Република“ вон урбаниот дел со којшто се решава проблемот со атмосферските води, се одвива според планираната динамика.

🏗Во тек се бетонските работи на потегот од транзитниот пат до вливот во реката Тркајна.

🌧Почнавме од овој дел затоа што сметавме дека тука е критичната точка којашто не дозволува адекватно дренирање на атмосферските води од погорниот дел на градот.

✅Со оваа инвестиција којашто изнесува 5 милиони денари, практично го подготвуваме теренот за понатамошниот проект за уредување, односно, покривање на дел од поројот во урбаниот дел.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ