Општински Комитет на ВМРО – ДПМНЕ ќе отвори книга на жалост во просториите на комитетот во Ново Село. Во неа својата последна почит и поздрав ќе можат да изразат сите членови и сограѓани за прераната и ненадејна смрт на Киро Стоилов.Истакнатиот член на ВМРО- ДПНЕ е роден во Ново Село и го водеше Задрагничниот комитет на Партијата во Штутгарт.
Ви ја пренесуваме во целост објавата:
Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ново Село со неверување и тага ја прими веста за ненадејната и прерана смрт на КИРО СТОИЛОВ, eден од нашите основачи и активист роден 1966 година.
Во Штутгарт Германија го предводеше Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од каде беше не само столб на партиските активности туку и подадена рака за секој човек во потреба.
Киро Стоилов ќе го паметиме како голем македонец и борец за нашата идеја. Нека истрајноста во заедничките идеи го направи споменот за него вечен.
Бог да му дари Царство Небесно и Вечна памет.
На неговот осемејство и пријателите им изразувам есочуство за големата загуба.
Почнувајќи од вторник до денот на погребувањето ОК Ново Село ќе отвори Книга на жалост во која секој ден од 15:30 до 19:00 часот, сочуство ќе можат да изразат членовите и сограѓани од општината и регионот.
Бог да го прости – Вечна мупамет!