strumica denes logo

ПЕТАР ЈАНКОВ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ОД ВМРО-ДПМНЕ!

Автор:

Датум:

септември 3, 2025

Автор:

Датум:

септември 3, 2025

Петар Јанков е кандидат за градоначалник на Општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Роден е на 13 јануари 1976 година во Струмица. Основното образование го завршил во ООУ „Сандо Масев“, а средното во СОУ „Јане Сандански“ во родниот град.

Своето високо образование го продолжил на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, на отсекот Царина и шпедиција, каде ги завршил додипломските студии и стекнал звање дипломиран менаџер по царина и шпедиција.

Во периодот од 2007 до 2018 година Јанков бил дел од Царинската управа на Република Македонија, каде работел како виш цариник. По напуштањето на јавната служба, од 2018 година својата кариера ја продолжува во приватниот сектор.

Петар Јанков е оженет и татко на две деца.