МАКЕДОНСКИТЕ ЛАВОВИ АПСОЛУТНИ ФАВОРИТИ ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ, ЦРНА ГОРА МОРА ДА СЕ ДОБИЕ ВЕЧЕРВА!

јануари 15, 2022

Македонија попладнево против Црна Гора го игра вториот натпревар на Европското првенство во Унгарија, според сите најави, македонскиот национален тим е апсолутен фаворит, ако им се верува на предвидувањата на обложувалниците.

Двата бода ќе значат продолжување на сонот за пласман во главната фаза, но и потврда дека оваа Македонија е на вистинските патеки. Противникот не е за потценување, особено во време кога Кирил Лазаров е само селектор, а Дејан Манасков е надвор од стројот поради тешка повреда.

Но, сетоа ова не треба да биде изговор. Момците се уверија против Словенија дека можат да се снајдат и во една ваква ситуација. Одиграа храбро и мотивирано, го изненадија противникот, кој долго време се подготвувал за Лазаров. Ракометарите кои добија шанса, дел беа непознаница за Љубомир Врањеш.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: