strumica denes logo

„Костадинов сруши дивоградби само оние кои не му се по мерак – Дали ги заштити неговите блиски пријатели бизнисмени?“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Струмица!

Автор:

Датум:

мај 31, 2025

Автор:

Датум:

мај 31, 2025

РЕАКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Костадинов ја распадна Општина Струмица !

Недостаток на лидерство за решавање на проблемите, Костадинов го доведе во ситуација да преземе неатрактивни мерки за рушење на угостителски објекти, проблем кој сам го создаде и проблем за кој треба да одговара!

Урбанистичкиот хаос што го создаде во Струмица во 20 годишното владеење на СДСМ го достигна врвот.

Правда мора да има, ред мора да има, но режирање на сопствен филм на Костадинов е на штета на сите струмичани!

Вчера не добивме одговори од Костадинов на прашањето дали ќе се рушат сите дивоградби или само оние кои не му се по мерак на Костадинов?

Дали Костадинов ќе ги заштити неговите блиски пријатели бизнисмени, кои дозволија урабанистички хаос во Струмица, бидејќи селективна правда не е правда!?

Што ќе се случи со препораките и филмот што го направија советниците на СДСМ како наводно ќе се одложи рушењето на објектите.

Ваква хаотична локална власт Струмица не памети!

Ги повикуваме обвинитеството, полицијата и инспекторските служби бурно да ја следат ситуацијата и секој кој се огрешил да одговара за своите постапки, почнувајќи од градоначалникот Костадинов!