strumica denes logo

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: КОСТАДИНОВ НАБАВИЛ БУКЕТИ И ВЕШТАЧКО ЦВЕЌЕ ЗА ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ – ВАКВО НЕДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ, СТРУМИЦА НЕ ПАМЕТИ!

Автор:

Датум:

март 13, 2025

Автор:

Датум:

март 13, 2025

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Костадинов за изминативе две и пол години потпишал 3 договори по 600.000 денари за набавка на букети цветни аражмани и вештачко цвеќе во вкупна вредност од 1.800.000 денари.

Во бирото за јавни набавки општина Струмица пријавила дека двата договори се целосно реализирани, а едниот договор е со тековна реализација.

Договорите во вредност од 30.000 евра се однесуваат на набавка на аранжирано цвеќе, букети и икебани од вештачко цвеќе за декорација на сала за венчавки во Дом на АРМ.

Овие договори се уште едни во низата скапи договори кои ги склучил градоначалникот Костадинов.

Да потсетиме дека Костадинов ги набави скапите автобуси во Европа во вредност од 700.000 евра од автобус. Костадинов ги набави и скапите клупи во државата од 1500 евра по клупа, жарденерии од 2000 евра и контејнери од 8000 евра.

Вакво недомаќинско работење Општина Струмица не памети.

Додека Костадинов се луксузира, страдаат струмичани.