Perdormire
Струмица

КОНЕЧНО: ГРУПАТА „ЈАВНА СОБА“ Е ЗАТВОРЕНА – ИНФОРМИРА ПОЛИЦИЈАТА!

Home

Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи:

Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ме информираа дека групата „Јавна соба“ е затворена.
Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите.
Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група.
Сите што го кршат законот соодветно ќе одговараат.