ЗДРУЖЕНИЕТО „ВЕРА“ СО КАМПАЊА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ ПОД СЛОГАНОТ „РАЗЛИЧНО ИСТИ“

март 1, 2023

Оваа година на симболичен начин, инспирирани од говорот на професорката Катерина Панов Кожаров на модната ревија „Убави сме, свои сме“ на лицата со попреченост, одржана на 3 декември 2022 година и нејзината јасна порака „Сите ние сме различни, и токму во тоа е убавината на овој свет“, кампањата ја именуваме како „Различно Исти“.

Ќе го одбележиме Денот на лицата со Даун синдром 21 март 2023 година.

Неколку познати личности од јавниот живот ќе се вклучат во нашата кампања „Различно Исти“ и ќе ја дадат својата поддршка.

Само доколку сме свесни дека овие лица постојат и се меѓу нас, ќе успееме да им помогнеме да бидат еднакви и рамноправни членови на оваа општество.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ