КАБИНЕТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПОЛН СО МЛАДИ СПОРТИСТИ – ДЕНЕСКА КОСТАДИНОВ ГО ПОСЕТИЈА ОД КАРАТЕ КЛУБОТ „ШИХАН“

ноември 24, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

⭕️Убав почеток на денот.

🥋Кабинетот полн со млади спортисти кои постигнаа одлични резултати на домашни и светски натпревари.

🥇🥉Првото добредојде им го посакав на спортистите од Карате клубот „Шихан“ од Струмица кои освоија 4 златни и 6 бронзени медали на 21-от Светски традиционален карате шампионат и првиот ИТКФ Светски куп „Хидетака Нишијама“ за деца-каратисти.

👏Им го честитав успехот, разговаравме за натпреварите и силната конкуренција, и им посакав да продолжат со големите успеси, а сите нивни натпревари како и досега ќе бидат поддржани од општина Струмица 🤝

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ