ИНТЕРВЈУ СО „НАТАША ДЕКОРАЦИИ“: Свадбен стил со секој детал – „Наташа Декорации“ ги претвора вашите соништа во реалност!

февруари 6, 2024

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Како се роди идејата за основање на Наташа-декорации и каква беше Вашата визија?

НАТАША ДЕКОРАЦИИ: Дигитализацијата и современото време не зафати и нас, постарите генерации. Уште од мали години имав страст за декорација и уметност, а денес интернетот ми овозможи да дојдам до повеќе идеи и конечно да се решам за овој чекор. Започнав со голема љубов, а кога нешто работите со љубов, тогаш шансите за неуспех се многу мали. Визијата ми беше да бидеме поразлични и мислам дека засега успеваме во тоа.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Каков вид на декорации и инветар нудите? Всушност, што се’ може да им понуди Наташа-Декорации на своите клиенти?

НАТАША ДЕКОРАЦИИ: Ние на своите клиенти им нудиме комплетен инвентар со декорација – Изнајмување на комплетен инвентар за секаков вид на вашите прослави: Тенди, високи маси, ниски маси, кружни и правоаголни, столови, фрижидери, кетеринг услуги со храна, дим машина, озвучување и магична топка со лед светло за подобар амбиент.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што најмногу бараат струмичани за своите свадбени веселби? Имаат ли некои специфични барања?

НАТАША ДЕКОРАЦИИ: Луѓето имаат различни барања кога станува збор за свадбените веселби во Струмица и околината. Тоа најчесто зависи од локацијата и амбиентот. Декорациите се важен дел и многу парови бараат уникатни и креативни декорации а ние сме овде секогаш да ги исполниме нивните барања такви-какви што се, а убавината секогаш лежи во уникатноста. Некои брачни парови се одлучуваат за венчавка во природа и тие декорации се најспецифични.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Кои се најпопуларни стилови за декорации што ги забележувате во последно време?

НАТАША ДЕКОРАЦИИ: Трендовите во свадбените декорации се менуваат со времето, но во последниве години се забележуваат неколку популарни стилови и елементи на декорација. Бохемскиот стил е популарен и во свадбените декорации. Тој вклучува природни елементи, растителни декорации, и опуштена атмосфера. Природните цветни аранжмани исто така се истакнуваат како популарен избор на клиентите, некои брачни парови пак се одлучуваат за класичен и елегантен стил со луксузни материјали.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Какви планови имате за иднината и како гледате на идеите за ширење или унапредување на услугите на Наташа-декорации?

НАТАША ДЕКОРАЦИИ: Не очекува долго и работно лето. Во сезоната што доаѓа ќе презентираме нови стилови на декорации за кои се надеваме дека ќе ги изненадат клиентите. Планираме да ги зголемиме услугите, да понудиме нови, современи, иновативни и креативни идеи. За сето тоа луѓето ќе бидат известени преку вашиот портал кој секогаш најдобро успева да го промовира секој новитет.

ТЕЛЕФОН ЗА КОНТАКТ:  078/587-084 ☘

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ