Хотелска измама: Струмичанец вработен во хотел платил 56.000 денари за услуга која не постои – Полицијата трага по едно лице!

март 27, 2022

На 25.03.2022 во 14.20 часот во СВР Струмица, 62-годишен маж од Струмица, вработен во хотел во Струмица, пријавил дека бил измамен од едно лице кое телефонски, претставувајќи се дека е од Скопје, резервирало неколку соби и конференциска сала во хотелот, а потоа се јавило уште два пати и му побарало од него да плати вкупно 56.000 денари за услуга што некоја фирма му ја извршила во Струмица, кои ќе му бидат вратени по неговото доаѓање таму. Според пријавеното, пријавителот ги испратил потребните пари преку посредник, по што лицето веќе не било достапно и сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ