ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА – КАЗНЕТИ СЕ 118 ВОЗАЧИ, ОД КОИ 35 ЗА ВОЗЕЊЕ БЕЗ ВОЗАЧКА!

март 23, 2024

Во текот на вчерашниот ден (22.03.2024) во периодот од 16.30 до 23.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Струмица, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 118 возачи, од кои 35 за возење без возачка дозвола, пет санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 19 мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ