ЕЛИ ПАНОВА: Чуму театар и изгубени недели? Нема двотретинско мнозинство за Уставни измени под бугарски диктат!

јуни 15, 2023

Ели Панова, пратеник во собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

➡️Кога веќе власта сака на сила, ги охрабруваме уставните измени да ги поднесат во Собрание уште утре, па да видат дека нема да поминат!

Чуму театар и изгубени недели?

Почитувани,
Како поминуваат деновите после лидерската средба, толку власта станува понервозна, а нивните изјави стануваат се поапсурдни. Веќе им е јасно дека двотретинско мнозинство за Уставни измени под овие услови и под бугарски диктат немаат и нема да го имаат. Но сега се обидуваат да сеат магла, да купуваат некој ден повеќе и да ја замајуваат и домашната домашната јавност и меѓународните преставници.

Вицепремиерот за европски прашања Мариќиќ најави дека иницијативата за уставни измени ќе се нашла пред пратениците за неколку недели. Ние го охрабруваме да не губи недели, туку уште утре да го донесе предлогот во македонскиот парламент, да се стават на гласање и да се види како ќе му поминат измените кои на сила сака да ги направи. Чуму тој театар кој ќе треа со недели. Доколку нема да поминат, тогаш во интерес на Македонија и на граѓаните е час поскоро да се оди на избори.

Целиот ќорсокак во кој се наоѓа Македонија е резултат на катастрофалната политика и апсурдните чекори кои ги водеше оваа власт на ДУИ и СДС. Тие наместо да се свестат и да ја прифатат подадената рака, продолжуваа со деструктивната и нелогична политика. Па така слушаме изјави од владини функционери од типот “Уставните измени се прифатени, а предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се неприфатливи“. Епа и Маричиќ и Ковачевски и СДС треба да знаат дека такви манипулативни и апсурдни изјави не поминуваат во јавност. Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е концизна. Дадени се два предлози и доколку СДС и Ковачевски не ги прифатат нема никаква поддршка, бидејќи овие предлози овозможуваат и евроинтеграции и заштита на македонскиот вековен идентитет и јазик.

Ковачевски и Маричиќ наместо времето да го губат во тоа кој повеќе ќе манипулира и ќе ја замајува јавноста, попаметно ќе им беше да дадеа конкретен одговор кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за нив и на тој начин застанат зад националните и државните интереси.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ