БОРЧЕ ЦВЕТКОВ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ДИРЕКТОРСКАТА ФУНКЦИЈА НА ЗАТВОРОТ ВО СТРУМИЦА – НОВ В.Д ДИРЕКТОР Е АДВОКАТОТ ВЛАДИМИР МИХАЈЛОВИЌ!

февруари 26, 2024

Борче Цветков:

Посветеното и чесно работење, биле и остануваат главни принципи во мојот живот.

Останувајќи доследен на нив, денеска се повлеков од директорската функција на Затворот во Струмица.

Единствената причина поради којашто го направив тоа е зголемениот политички ангажман во овој предизборен период како претседател на Општинската организација на СДСМ и кандидат за пратеник од Изборната единица број 4.

Како одговорен, пред се човек, а потоа политичар, не сакам само да ја држам директорската функција и да земам плата, а да не можам целосно да се посветам на работните обврски во оваа сериозна и специфична институција.

За нов в.д директор е именуван нашиот сограѓанин, младиот и амбициозен адвокат Владимир Михајловиќ.

На денешното примопредавње на функцијата, му го честитав изборот и му посакав успех во работата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ