БЕКТЕШИ: Aко трговците продолжат со зголемен извоз на овошјето и зеленчукот, ќе предложиме целосно укинување на увозните давачки!

септември 28, 2023

Македонскиот пазар да не им биде резервен на трговците со овошје и зеленчук во снабдувањето со овие продукти, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши, предупредувајќи дека ќе предложи целосно укинување на увозните давачки за земјоделските производи доколку продолжи дополнително да се зголемува извозот, наместо да се пласира на домашниот пазар.

Бектеши при денешната посета на компанијата „Горска“ изјави дека од јули до денеска се забележува многу голем извоз на одредени земјоделски производи и порача дека Владата нема намера да субвенционира производи за други држави.

-Гледајќи ги податоците, и официјални и неофицијални, кои ги добиваме од различни извори се забележува дека има најголемо зголемување на цените во делот на овошјето и зеленчукот. Тука земјоделците ја завршуваат целосно нивната работа, а за трговците, и тие кои го покриваат нашиот пазар и тие кои извезуваат, имаме една порака – да не го имаат македонскиот пазар како резерва во делот на снабдување со овошје и зеленчук. Ќе следуваат и конкретни мерки. Од јули до денеска се забележува дека има начелно многу голем извоз на одредени земјоделски производи, но тоа треба да биде во корелација со зголемено производство поради тоа што во одредени држави има недостаток на овие производи и наместо да го покриваат македонскиот пазар, количините кои се за него ги извезуваат, рече Бектеши.

Потсети дека Владата преку интервентниот фонд и со редовните субвенции ги субвенциионира земјоделците за да се зголеми производството и да имаме поконкурентни цени и потенцира дека намера да субвенцинира производи за други држави.

Намената на субвенционирање производи е за нашата држава и затоа, наведе, не сакаме да се доведеме во ситуација разликата што се прави да бидеме обврзани да ја надополниме со увоз кој согласно со моменталните давачки е 65 проценти за одредени земјоделски производи.

– Затоа апелирам тоа што е предвидено да се пласира на домашниот пазар да се направи. Ако се прави спротивното, како Министерство за економија до Владата нема да предлагаме намалување на одреден процент, туку целосно укинување на увозните давачки за земјоделските производи зашто наша цел е да го заштитиме животниот стандард на граѓаните. Тоа би го направиле со такви одлуки ако во случај се зголеми извозот на производи што е за пласман на македонскиот пазар, изјави Бектеши.

Анализата на Министерството за економија за реализацијата на мерките за намалување и замрзнување на цените на прехранбените производи и нивното влијание, како што соопшти, покажала дека заштедата на домаќинствата без мерките за пијалаците изнесува 2.070 денари.

-Споредено од 1 август цените во малопродажба и тие на 20 септември речиси секое домаќинство во државава има заштеда од 2070 денари од сите производи за кои има замрзната цена. Тука не влегуваат пијалаците, со кои согласно нашите проекции заштедата би достигнала 2400 до 2500 денари, изјави Бектеши.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ