ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против А.К.(27) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ и „фалсификување исправа“ и против Ш.Ј.(36) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено ккривично дело „фалсификување исправа“.
Имено, на 30.09.2021 на ул.„Шишка“ во Кавадарци, првопријавениот, управувајќи патничко возило „југо“, удрил во малолетен пешак и му нанел тешки телесни повреди, по што го оставил возилото и заминал. По преземени мерки било утврдено дека регистарските таблички не биле од неговото возило, односно второпријавениот му ги дал табличките од своето возило.