strumica denes logo

1200-1800 денари месечно за учениците – услов е родителите да имаат месечни примања под 50.000 денари!

Автор:

Датум:

декември 24, 2023

Автор:

Датум:

декември 24, 2023

До 26 декември основците и средношколците чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето-плата до 50 илјади денари, може до Министерството за образование и наука (МОН) да ги поднесат документите за финансиска поддршка.

Со повикот за финансиска поддршка, почнувајќи од декември, ќе се исплаќаат по 1 200 денари за основците и од 1 800 денари за средношколците.

Учениците треба да се пријават во училиштето во кое се запишани.