УЧЕНИЧКА ОД СТРУМИЦА И ПИША ПОРАКА НА МИЛА ЦАРОВСКА: Вие не се откажувате од неприфатливите одлуки од страна на учениците, ние нема да се откажеме од борбата за образованието!

април 28, 2021

Ученичката Драгица Јованова до Мила Царовска:

Воопшто не сакам да бидам груба и воопшто не сакам да бидам како лош впечаток. Само сакам заедно со сите ученици да се изборам за нашето образование. За нашата иднина! Ви се обракам на вам од страна на сите ученици, и основци и средношколци.

Како ученици имаме право да бидеме дел од донесувањето на вашите одлуки. Како ученици имаме право да ги кажеме нашите мислења и нашите ставови. Свесни сме за се што се случува и се разбира сме присутни во сите известувања.

Најпрвин ќе кажам дека воопшто не сме задоволни од онлајн наставата иако веке цела година се одвива. Ја прифативме со многу потешкотии, но не ја и преземавме како сериозна работа. Секојдневното седење пред електронските уреди не заморува многу и ја губиме вољата за учење. Од одлични ученици станавме мрзеливи! Вие како министерка треба да се погрижите доволно добро за нас и да ги споделувате нашите мислења, а не да велите дека не ни било интересно во училиште, тоа не е вистина. Напротив училиштето не прави среќни, горди и успешни! Никаде нема да можеме да бидеме побезбедни од училишниот двор, дури и во оваа пандемија која на сите ни предизвикува страв.

Мислам дека имате доволно примери за како тоа да не организирате за физичка настава, не сакам да ви ги давам јас бидејќи би требало вие да ги пронајдете сите добронамерни одлуки.Не ви беше доволна онлајн наставата па сега и е-учебниците. Тоа така не оди. Овде сме и ние, треба да не прашате најпрвин дали се согласуваме со овие ваши неприфатливи одлуки. Ние учениците сите заедно сме здружени за оваа борба до крај за да го спасиме нашето образование! Нашиот глас, гласот на учениците е молбен до вас да го слушнете. САКАМЕ НА УЧИЛИШТЕ СО ФИЗИЧКА НАСТАВА И СО ХАРТИЕНИ УЧЕБНИЦИ!

Го имам кажано ова и пак ќе го кажам! ,,КОЛКУ ШТО ЗДРАВЈЕТО Е БИТНО НА ЕДЕН ЧОВЕК, ТОЛКУ Е БИТНО И ОБРАЗОВАНИЕТО НА ЕДЕН УЧЕНИК”❗

Како што вие не се откажувате од вашите неприфатливи одлуки од страна на сите ученици и родители, така и ние не се откажуваме од борбата за образованието❗❗

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ