Home

Perdormire
Ново Село

ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНА НОВО СЕЛО РЕАГИРААТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО ПАДНА СНЕГ, А НИТУ ЕДНО ОД ПОДБЕЛАСИЧКИТЕ СЕЛА НЕ Е УБАВО ИСЧИСТЕНО!

Home

Жители на општина Ново Село вчера и денес реагираат на социјалните мрежи бидејќи ниту едно од подбеласичките села не било убаво исчистено од снегот кој заврна пред една недела.

„Почитувани Струмица Денес, Ви пишувам од општина Ново Село. Веќе недела дена откога падна снег, а ниту едно од подбеласичките села не е расчистено, народо сам се организира да ги направи патиштата и улиците проодни. Возиме по лед и снег а општината не ја интересира ништо. Опасно е и за возење а уште повеќе и за одење по улиците.“