Денес, 27.05.2021 година, започнаа градежните активности за доградба на капелата во Ново Село. Градежните активности се планирани да траат 30 дена, со што до крајот на месец јуни капелата треба да биде комплетирана и функционална.
За доградба на капелата, Општина Ново Село со Одлука на Советот на Општина Ново Село обезбеди финансиски средства во висина од 2.000.000 денари. Градежните активности се спроведуваат во соработка со ЈПКД „Комуна“ Ново Село.