Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ:
Нашиот народ заслужува шанса и среќа. А, надежта покажана во првиот круг е токму патот кон промените и таа искра која ќе го осветли патот на успехот кој неминовно ќе се случи. Затоа што на сите нас заедно волјата и вербата ни се силни, затоа што веруваме во заедничка иднина, затоа што сите заедно гледаме дека ова што се случува мора да се промени и дека силата и клучот се во нас.
Ништо не е посилно од таа надеж, базирана на волјата и моралната храброст на слободните луѓе да одлучат за себе.