ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ВО ПОСЕТА НА НОВО СЕЛО И БОСИЛОВО!

април 7, 2019

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ денес ја продолжија својата кампања во струмичкиот регион. Лидерот на опозициската партија денес беше на средба со жителите на општина Ново Село и Босилово, а таму беше дециден во својот став дека моменталната вест мора да биде поразена.

„Бев во Ново Село и Босилово, се сретнав со луѓето им порачав дека ние одбиваме да живееме реалност во која политичарите газат дебели, црвени килими на балови, во фракови, каде што луѓето блиски од семејството на врхушката на СДСМ се возат во Бентли, се возат во Мајбах, затвараат ски патеки за да можат да се санкаат. Ние одбиваме таква реалност. Нашата реалност е градоначалници и политичари кои нема да носат инспектори под мишка, туку проекти и заедно овде со граѓаните, ќе работат за граѓаните колку побргу тие проекти да ги реализираат, кои што ќе бидат за доброто на граѓаните. Ќе видите изморени политичари кои секојдневно крваво, пеколно ќе работат, а не политичари кои што ќе газат дебели, црвени килими на балови дотерани во фрак со лептир машни. Затоа мораме да ја поразиме оваа власт.“ – беше дел од обраќањето на Мицкоски кон присутните граѓани.

Во моментот, општина Ново Село се наоѓа пред одлуката да го избере новиот градоначалник. Христијан Мицкоски и неговата коалиција освен поддршката на претседателската кандидатка – Гордана Сиљановска Давкова, ја искажаа својата поддршка и на кандидатот за градоначалник – Николчо Стоилков.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ