bandr
Босилово Култура

5 факти за Босилово кои не сте ги знаеле

Распослана во средишниот дел на плодното Струмичко Поле, помеѓу планините Огражден и Беласица, општината Босилово плени со својата недопрена природа. Граничи со соседните општини Струмица, Ново Село, Василево и Берово, а од Струмица е оддалечена само 7 километри.

  • За време на османлиското владеење на овие простори, територијата каде денеска се наоѓа Босилово било чифлик на неколку турски бегови. Некои од беговите им дозволувале на чифлигарите на местото каде што е денешно село да изградат примитивни куќи. Така еден чифлигар од Нејчино, според народното предание, по името Босилјан (Босилко, Босил), прв изградил куќа на ова место. Подоцна, кога селото Нејчино било запалено и разрушено, беговите им помогнале да изградат куќи и на другите најчани околу новоградбата на Босилко.Така, на тоа место била основана нова маала селска населба, која според името на првонаселениот Босилко била наречена Босилово. Со текот на времето Босилово започнало да расте па во него и беговите изградиле свои домови
  • Босилово е центарот и седиштето на општината Босилово, која има своја историја како стара општина што постоела во периодот од 1952, па сè до 1963 година, кога биле укинати руралните општини.Бидејќи нејзиното прво формирање било на 10 април 1952 година, денес овој ден се слави како празник – Ден на Општина Босилово.

  • Општина Босилово има вкупно 14.260 жители со 16 населени места или вкупно 3744 домаќинства, од кои 1698  живеат во Босилово, или 11,9% од вкупниот број на жители во општината.
  • Денеска не е познато кога точно била основана населбата, но се претпоставува дека тоа се случило пред почетокот на турското владеење на овие простори. За настанокот на селото постојат повеке легенди.Според едно предание, селото порано имало друга местоположба. Се наоѓало на околу половина километар северно од денешната локација и се викало Нејчино, а негово соседно село било Драгомирово, во кое тогаш живееле дваесетина ромски семејства, но ова село било изгорено во почетокот на 20 век, односно 1913 година.
  • Во 1842 година македонското население ја изградило црквата „Свети Атанасиј“. Во црквата отпрвин се служело на грчки јазик, но откако учителот А. Костенцев со група ученици, на Спасовден во 1869 година учествувал во службата на словенски јазик, мнозинството од селаните веќе не сакале да чујат за грчки јазик во црквата. По овој случај овде доаѓале селани и од околните села за да слушнат зборови што ги разбирале.