Никола Тесла: 8 помалку познати факти за „детето на светлината“

мај 20, 2023

Најголемиот научник на сите времиња, кој сè уште ги инспирира луѓето од целиот свет и секоја информација поврзана со Никола Тесла, фасцинира и денес.

Знаеме како починал и дека бил опседнат со бројките, но каков всушност бил вистински Никола Тесла дознаваме само од интервјуата со В. Бернард Карлсон, автор на книгата „Тесла: Изумителот на електричната ера“ и Марк Сејфер, автор на книгата „Волшебник: Животот и времињата на Никола Тесла“.

Никола Тесла е роден за време на силна бура со грмотевици

Никола Тесла бил роден околу полноќ, помеѓу 9 и 10 јули 1856 година, за време на силна бура со грмотевици. Според кажувањата на семејството, на половина пат од породувањето, акушерката ги стегнала тупаниците и кажала дека громот е лош знак. „Ова ќе биде дете на темнината“, рекла тогаш таа, на што мајка му се спротиставила: „Не. Тој ќе биде дете на светлината“.

Тесла имал неверојатна смисла за хумор

„Повеќето луѓе не знаат дека Никола Тесла имаше одлична смисла за хумор“, изјавил Сејфер. На пример, по вечерата со писателот и поет, Киплинг, тој го напишал ова во писмо до близок пријател:

1 април 1901 година

„Драга моја г-ѓа Џонсон,

Што се случува со Киплинг? Тој всушност се осмели да ме покани на вечера во некој хотел со сомнително потекло, каде што сигурно во мојата супа би нашол лебарки и влакна од коса.

Искрено ваш,

Н.Тесла“

Тој и Едисон биле ривали, но не и смртни непријатели

Многумина ги карактеризирале Тесла и изумителот Томас Едисон како непријатели, но Карлсон кажал дека овој однос погрешно бил претставен. На почетокот од својата кариера, Тесла работел за Едисон, дизајнирајќи генератори на еднонасочна струја, но се откажал за да може да се посвети на својот прoект: асихрон мотор со наизменична струја. Се разбира, тие биле на различни страни во таканаречените „тековни војни“, при што Едисон се залагал за директна струја, додека Тесла за наизменична. Но, Карлсон ги сметал за Стив Џобс и Бил Гејтс на нивното време: едниот брилијантен продавач и бизнисмен, другиот визионер и „технолог“. Во ретки прилики, Едисон присуствувал на конференција каде што зборувал Тесла. Едисон, кој бил наглув и не сакал да биде забележан, застанал во задниот дел од салата. Но, Тесла го забележал, го насочил вниманието кон него и ја поттикнал публиката да му даде овации.

Сејфер, пак, го опишал поинаку нивниот однос, велејќи дека тоа бил однос љубов/омраза. На почетокот, Едисон го отпуштил Тесла, но на крајот го почитувал. „Кога имаше пожар во лабораторијата на Тесла, Едисон му обезбеди лабораторија, така да очигледно имало меѓусебно почитување“, изјавил Сајфер.

Тесла ја концепирал технологијата на смартфоните уште во далечната 1901

„Тесла имал навистина брилијантни идеи, но ретко кога успевал да ги проведе во пракса.“, рекол Карлсон. „Во трката за развивање трансатлантско радио, на неговиот деловен партнер Џ. П. Морган му претставил нови начини на инстант комуникација – праќање на состојбата на берза и кратки телеграмски пораки. Тој праќал пораки кои ги кодирал и ги праќал преку избрана фреквенција, која потоа ја праќал до уред кој го собирало во рака. Со други зборови, во тоа време измислил нешто како смартфон и безжичен интернет“, изјавил Карлсон, кој потоа додал дека од сите негови идеи таа го сопрела на патот. „Тој беше рвиот што размислуваше за информациската револуција, во смисла на доставување информации до секој корисник“, продолжил Карлсон. Тој исто така ја осмислил, но никогаш не ја разбил технологијата за радар, рендген, сноп на честички „зраци на смртта“ и радио астрономија.

Тесла успеал да го преплаши Марк Твен

Постои позната легенда за случката кога Тесла во лабораторијата имал функционална машина за земјотреси кои можеле да ја потресат неговата зграда и наводно во еден експеримент срушил цел кварт. Уредот на Тесла наводно не бил машина за земјотреси, туку осцилатор на фреквенции. Клип сместен под платформите во лабораторијата создавал огромна бучава и тресење за време на експериментите. Квартот, наводно не успеал да го сруши, но тоа што му пошло од рака е што го преплашил Марк Твен, кој еден ден го поканил во својата лабораторија, а кога ја вклучил машината, Марк Твен избегал во тоалетот.

Меѓу неговите пријатели биле познати светски личности

„Луѓето не биле свесни дека тој бил близок пријател со екологот , Џон Муир“, рекол Сајфер. Меѓу неговите пријатели биле и финансиерите Хенри Клеј Фрик и Томас Форчун Рајан. „Живееше во Валдорф, Австрија, во екот на позлатеното доба“, изјавил Сајфер, додавајќи дека неговата слава се изгубила во текот на животот.

Тесла полудувал секогаш кога ќе видел бисери

Се чини дека бисерите биле криптонитот на Тесла. Секогаш кога ќе ги видел во него се создавало толкаво гадење што не можел да разговара со жената која ги носела. Кога неговата секретарка ќе дошла на работа со бисери околу вратот, ја праќал дома. Никој не знае зошто имал толкава аверзија кон бисерите, но знаеме дека имал специфичен вкус за стил и естетика. Имал и чуден вкус, па на секоја вечера носел бели ракавици и се сметал за елегантно облечен маж. Секоја фотографија од Тесла била многу внимателно направена со цел убаво да се гледа неговата добра страна на фотографијата.

Имал фотографска меморија и најверојатно страдал од опсесивно компулсивно растројство

Тесла имал фотографска меморија. Тој можел да ја запамети цела книга или детали од слики откако еднаш ќе ги погледне. Оваа способност му помогнала многу во неговите иновации. Исто така, имал моќна имагинација и способност да ги визуелизира работите во 3Д димензија, со која што успевал да ги контролира страшните кошмари кои ги имал како дете. Тоа е само дел од она што го прави толку мистичен и ексцентричен карактер во популарната култура. Тесла исто така мислел дека му требаат само 2 часа сон навечер, иако понекогаш спиел и попладне. Не можел да поднесе да допре влакно од коса, бил опседнат со бројот 3, го чистел секој дел од трпезаријата пред да вечера, користел секогаш 18 марамчиња за полирање на предметите кои ги чистел, премногу се грижел дека насекаде има бактерии, поради што се верува дека страдал од опсесивно компулсивно растројство. Причината за ова била колерата од која боледувал кога бил мал.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ