Не верувам дека денеска постои човек кој не слушнал за Елон Маск. Тој е личност кој го викаат дека е визионер на новото време. Тој е човек кој секоја животна препрека досега успешно ја поминувал, а поради тоа, тој денеска има три компании во Силиконската долина кои вредат некаде околу милијарди долари.
Тука збориме за компанијата за интернет плаќање “PayPal”, компанијата за електрични автомобили Tesla и аеронаучната компанија SpaceX. Елон Маск е доста важен лик кој тежи некаде околу 21 милијарда. Тој не е само обичен основач на компаниите, тој е и директор и главен менаџер и смислувач на идеите и стратегиите, па не е ни чудно што понекогаш знаел да работи и по 100 часа во неделата. Па тука често се надоврзува прашањето, како успева се да постигне кога тој исто така има и фамилија. Тој за ова има навистина едноставен одговор – станува збор за организиран начин на работење кој не подразбира празно време во ниту еден момент од денот, бидејќи тоа за него е апсолутно губење на време.
Неговиот ден е поделен на временски интервали, а на сите проблеми посветува најмногу по 5 минути. Јадењето му е и состанок, секојдневно оди во теретана, а за тоа има прецизна минутажа, станува многу рано, а тоа дека зависен од работа, потврдува и тоа што тој често знае да заспие во неговата компанија. Тој навистина знае добро да ги одбере соработниците кои ќе работат на неговите проекти со што тој би можел да се посвети на други работи. Една од најинтересните работи за него е тоа што тој не користи меил, а ни телефон, бидејќи тоа за него е губење на време. Секој ден од неделата тој посветува време на една од своите компании.
Тој на 9 години го добил својот прв компјутер “Commodore VIC-20. Три години подцна ги направил првите пари од продавање на игри кои тој ги програмирал. Бил дете кое често знаело да има тешки денови, бидејќи неговите врсници често знаеле да го закачаат. Не поминало долго време се додека тој не сфатил дека неговата следна дестинација е САД. Тој во САД почнал да работи како чистач во пилана и заработувал 18 долари по час. За брзо време се вратил во Канада каде што добил работа во банка за 14 долари по час. Во 19992 година тој се префрлил на Универзитетот во Пенсилванија каде што започнал да излегува се почесто. За време на неделата, тој постојано учел со своите пријатели, а за викендите тие ги правеле најдобрите забави.
Со оглед на тоа дека Маск не бил по алхохолот, тој седел буден и ја чувал ситуацијата да биде под контрола. Постдипломските студии ги запишал во Стенфорд, но ги напуштил за само два дена со цел да ги продолжи своите предизвици. Тој со својот брат ја основал ИТ компанијата Zip 2 која во 1999 година ја продале на AltaVisti за 37 милиони долари. Ја започнале својата компанија со 28 илјади долари кои ги позајмиле од нивниот татко.
Ајде да збориме за брендот Teslа. Дали знаете дека Елон Маск, не е оргиналниот основач на овој бренд? Него го основале Мартин Еберхард и Марк Тарпенинг во 2003 година, а тој се приклучил во целата приказна во 2004 година. Во тој период компанијата била во лоша ситуација, па тој успеал да вложи 70 милиони долари во неа и да ја превземе претседателската функција. Елон се прослави со моделот 3 кој уште пред неговото излегување го нарачале голем број на луѓе. Денеска тој има продадено околу 1 милион Тесла возила.
Во последните месеци е актуелен бидејќи ја поддржа криптовалутата Биткоин. Тој вложи неколку милјарди со што акциите ги вивна до плафон. Исто така за прв пат некоја компанија одзоволи купување на автомобили со Биткоин.
Не за џабе рекле, Тесла и Епл се компании во кои ако сакате сигурно инвестиција, таму да ставите пари.