strumica denes logo

Жените подолговечни од мажите за 4,3 години

Автор:

Датум:

јуни 15, 2023

Категории:

Македонија

Автор:

Датум:

јуни 15, 2023

Категории:

Македонија

Бројот на умрените лица во земјава во 2022 година изнесува 22 459 и е намален за 21.2 % во однос на претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Од вкупно умрените лица, поголем број се од машки пол, и тоа 11 868 или 52.8 %. Бројот на умрените доенчиња изнесува 58 и нивното учество во вкупниот број на умрените лица изнесува 0.3 % на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи има во месец јануари, 2802. Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.5 година, односно 75.8 години кај лицата од женски пол или повисока просечна возраст за 4.3 години се бележи кај жените.

Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, 41.3 %, потоа се случаите кај кои како причина за смртта се јавуваат неоплазмите со 17.0 %, кај 6.8 % причина за смртта е вирусот КОВИД-19, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести се застапени со 6.7 %, а болестите на респираторниот систем со 4.5 %.