ВО ДЕЛ ОД МАРКЕТИТЕ ВЕДНАШ ИМА ПОКАЧУВАЊЕ: Цените на производите оставени на совеста на трговците!

март 1, 2024

„Одмрзнаа“ лебот, млекото, месото, тестенините, зеленчукот. Мерката „гарантирана цена“ повеќе не важи, во дел од маркетите веќе има поскапувања, а во дел се уште се прават пресметки што и колку ќе поскапи.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека ќе продолжат со редовни контроли, но дека тие немаат надлежност да влијаат врз пазарното формирање на цените. Повикуваат на општествена одговорност, трговците да не прават драстични поскапувања.

„Повикувам на општествена одговорност од страна на трговците на големо и трговците на мало, се со цел, цените, доколку има простор и можност да ги остават на исто ниво.“ – Изјави директорот на државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски
Од Инспекторатот велат и дека во следните денови може да има нови, поголеми поскапувања зашто добавувачите на големо веќе правеле пресметки за повисоки цени кои потоа ќе се прелеат кај трговците на мало.

Граѓаните во страв и неизвесност, велат дека и со замрзнатите цени едвај ги полнеле торбите, а ако има нов бран поскапувања дел од нив ќе мора да почнат да кратат дури и од храна.

Од Владата порачаа дека со овие мерки, трговците си ја научиле лекцијата, а идни ценовни шокови ќе биле решавани преку предлог законот за нефер трговски пактики, кој пак е се уште е во Собрание.

Мерката за гарантирани цени се однесуваше основните прехрамбени производи, како лебот, млекото, дел од тестенините, зелечнчукот и безалкохолните пијалоци, како одговор на ценовното цунами кое пред неколку месеци донесе драстични поскапувања.

Минамалната потрошувачка кошничка која ја пресметува ССМ за јануари изенсуваше над 57 илјади денари и за една година поскапела за дури 6.300 денари или нешто над сто евра. За да се задоволат основните потреби на едно четири члено семејство се потребни речиси три минимални плати.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ