strumica denes logo

ВМРО-ДПМНЕ СО ГОЛЕМО ВОДСТВО НА АНКЕТИТЕ ВО ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА ВО КОЈА СЕ НАОЃА И СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

февруари 13, 2024

Автор:

Датум:

февруари 13, 2024

Во емисијата „Објектив“ на МРТ беа презентирани резултатите од анкетата на ИПИС направена пред претстојните парламентарни избори закажани за на 8-ми мај.

Во изборната единица 3, огромна предност во рејтингот има ВМРО-ДПМНЕ.

Дека ќе гласаат за оваа партија се изјасниле 32,8% од испитаниците.

За СДСМ ќе гласаат 14,8% од гласачите во ИЕ 3.

Левица добила поддршка од 3,9% од учесниците во истражувањето, а за партијата ЗНАМ се изјасниле 3,5%.

21% од испитаниците рекле дека не сакаат да кажат за кого ќе гласаат.

Најголема доверба ВМРО-ДПМНЕ ужива и меѓу гласачите во изборна единица 4.

Вкупно 30,4% од учесниците во анкетата рекле дека на следните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 16,9% својот глас ќе го дадат за СДСМ.

Во ИЕ 4 за Левица се изјасниле дека ќе гласаат 3,7%, а за ЗНАМ 2,6%.