strumica denes logo

ВМРО-ДПМНЕ НОВО СЕЛО: ДУИ вработува Албанци во подрачната единица на Министерството за земјоделие во Ново Село!

Автор:

Датум:

февруари 14, 2024

Автор:

Датум:

февруари 14, 2024

ВМРО-ДПМНЕ НОВО СЕЛО:

ДУИ вработува албанци во подрачната единица на Министерството за земјоделие во Ново Село

Криминалниот владеачки тандем ДУИ-СДС ги испартизира сите институции во државата, па така стаса и до дуизација на подрачното министерство на земјоделие во Ново Село.

Дуи си вработи албанец на работно место самостоен референт за стручно административни работи во Ново Село во подрачното оделение на мистерството за земјоделство шумарство и водостопанство., а министерот од СДС Љупчо Николов своерачно го потпиша ова решение. Националната припадност како да е единствен услов за пополнување на оваа работно место.

Иако на последниот попис во Општина Ново Село нема ниту еден по националност албанец, во подрачната канцеларија на Министерството за Ново Село, единствена можна опција е да се вработи лица од оваа националност.

Дали од цела општина Ново Село нема млади интелектуалци без работа кои можат да работат на оваа позиција? Дали во општина Ново Село нема успешни земјоделци кои треба да се дел од министерството за земјоделие, па лица од западна Македонија кои треба да ја пропатуваат цела држава ќе работат во Ново Село.

Ова е најголемо предавство и дебакл на пазарџиските политики на СДС на своите членови во Општина Ново Село, но и на сите македонци кои живеат во нашата општина.

Дуиацијата на институциите мора да запре. Граѓаните на Македонија мора да ја испратат во опозиција тезгарошката коалиција на СДС и ДУИ.