Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Упатувам реакција, а воедно и разочараност од одлуката на Комисија за спречување дискриминација да реагира на кодексот на однесување и куќниот ред во струмичката гимназија.
Како одговорен граѓанин сум против секој вид на дискриминација во општеството и ги почитувам различностите на сите сограѓани, но отворено сум против насилно менување на правилата во корист на мејстрим идеологии.
Во мојата дебата со аргументи против предлог-законот за родова еднаквост предупредив дека со членови од законот заедно со комисијата за спречување на дискриминација ќе бидеме линчувани за аргументирани расправи кои нема да бидат со ставовите на комисија и неколку невладини организации.
Истите луѓе кои се креатори на комисијата се луѓе кои го креираат законот и ќе креираат закони со родова содржина.
Тоа што се случува во струмичката гимназија е увертира што ќе ни се случува доколку на овие ликови им се дозволи да раководат со министерства и секретарјати.
Минанатата година како советник во општина Струмица со амандман реагирав до директорите на основните и средните училишта во Општина Струмица од своите годишни програми да ги избришаат поимите кои се дел од родовата идеологија.
Затоа упатувам поддршка и ги повикувам училишните одбори и советите на родители цврсто да застанат во одбрана на кодексот, а против насилно менување на традициите, семејните вредностите и општеството.