strumica denes logo

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – СИГУРЕН ПАРТНЕР И ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА

Автор:

Датум:

ноември 19, 2025

Автор:

Датум:

ноември 19, 2025

Видеолотарија Касинос Австрија и понатаму ја потврдува својата силна заложба за промоција и поддршка на уметноста. Во рамки на партнерството со Националната опера и балет, синоќа на големата сцена беше изведена балетската продукција „Мадам Бовари“, дело што ја фасцинираше публиката и беше поздравено со долги овации.

Инспирирана од безвременскиот роман на Густав Флобер, оваа балетска драма во два чина ја отвора приказната за копнежот, страста и вечната борба меѓу слободата и општествените норми. Претставата е посветена на 25-годишниот јубилеј на примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, која со својата маестрална енергија и емотивност остави длабока трага во македонскиот балет. Таа ја толкува главната улога на Ема Бовари, заедно со Франциско Хименез Руиз, Балаж Лочеи, Дмитро Чеботар и Ендру Кук, како и солистите, ансамблот и оркестарот на НОБ.

Следната изведба на „Мадам Бовари“ ќе се одржи во петок, 21.11.2025, со почеток во 20 часот.

Поддршката на културните проекти претставува значаен дел од корпоративната стратегија на Видеолотарија Касинос Австрија. Веруваме дека културата е двигател на убавина, инспирација, духовност и заедништво – вредности што ја збогатуваат заедницата и го унапредуваат општествениот живот. Горди сме што стоиме зад настани кои ја подигнуваат културната сцена во земјата.

  • Banner