Дами и господа, вечерва, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парламентарните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер – Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Каков претседател и треба на државата? На каква платформа ќе не’ качува ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ?
Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?
Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции?
Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?
Кој се „бори“ за Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска… Што се црвените линии на Ковачевски, а од што на Мицкоски, дилемите се задача на Гоце Михајлоски, а под жешките рефлектори во студиото на Канал 5 ќе бидат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во ДУЕЛОТ ЗА МАКЕДОНИЈА, во „Само Вистина“.
Вечерва во 18.30 часот!