strumica denes logo

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА: Силно невреме се очекува во Струмичкиот регион, обилни врнежи и зголемен ризик од излевања

Автор:

Датум:

јануари 26, 2026

Автор:

Датум:

јануари 26, 2026

Струмичкиот регион се подготвува за силно невреме предизвикано од интензивна циклонска активност која ќе ја зафати земјата во текот на денешниот ден. Според метеоролошките прогнози, токму југоисточниот дел на Македонија ќе биде прв на ударот на овие временски неприлики.

Во Струмица и околината се очекуваат пообилни врнежи од дожд кои локално ќе надминат 30 литри на метар квадратен во рок од 24 часа. Овие количини на воден талог, кои на моменти ќе бидат со пороен карактер, претставуваат сериозна закана за нагло зголемување на водостоите.

Надлежните служби упатуваат итно предупредување до граѓаните во Струмичкиот регион за зголемена претпазливост. Се очекува значителен пораст на нивото на локалните реки и суводолици, што може да предизвика нивно излевање во одредени критични точки.

„Препорачуваме крајна внимателност и избегнување на какво било движење во близина на речните корита и суводолиците во текот на ноќта и во текот на целиот денешен ден,“ алармираат од хидрометеоролошките служби.

Покрај Струмица, под сличен удар на циклонот ќе бидат и Гевгелиско-Валандовската котлина и Дојранскиот регион, по што во текот на денешниот ден врнежите ќе се прошират и кон останатите делови на земјата.

(Извор: УХМР)

  • Banner