strumica denes logo

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПОМЕЃУ БАНСКО И МУРТИНО – ТЕШКО ПОВРЕДЕНО 19 ГОДИШНО МОМЧЕ!

Автор:

Датум:

јули 17, 2024

Автор:

Датум:

јули 17, 2024

На 16.07.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 21.40 часот на локален пат помеѓу селата Банско и Муртино, струмичко, на место викано „Бабик“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Д.К.(19) од село Банско и товарно возило „там“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(41) од село Банско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.