СВЕТОТ СОЧУВСТВУВА СО РУСИЈА: ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО МОСКВА, НАЈМАЛКУ 40 ЗАГИНАТИ!

март 22, 2024

Бројни земји денеска го осудија терористичкиот напад во Москва, во кој загинаа најмалку 40 лица, а над 100 беа ранети, и изразија сочувство до рускиот народ.

Француското Министерство за надворешни работи изрази солидарност со Русите по терористичкиот напад во Москва.

– Нашите мисли се насочени кон жртвите, ранетите и рускиот народ, се вели во соопштението на Министерството објавено на X.

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев му изрази сочувство на рускиот колега Владимир Путин за жртвите во терористичкиот напад во зградата на концертната сала „Крокус“ во Москва.

Грчкото Министерство за надворешни работи го осуди терористичкиот напад во Москва и го нарече „страшен“.

Амбасадата на САД во Русија соопшти дека е шокирана од терористичкиот напад во Москва и изрази сочувство до рускиот народ.

Британската амбасада во Москва исто така го осуди нападот, велејќи дека станува збор за „страшна трагедија“.

Саудиска Арабија најостро го осудува терористичкиот напад во Москва и уште еднаш укажа на потребата од борба против сите форми на екстремизам, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.

Министерството и посака на Русија мир „и да остане безбедна“.

Обединетите Арапски Емирати го осудија терористичкиот напад во Крокус и нагласија дека отфрлаат секаква форма на насилство што е спротивна на меѓународното право, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на земјата.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, го осуди терористичкиот напад во салата „Крокус“ во Москва и рече дека Иран „стои со Русија во овој трагичен момент“.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас исто така изрази сочувство до рускиот претседател Владимир Путин и рускиот народ за терористичкиот напад на концертната сала Крокус.

Терористичкиот напад во Москва го осуди и привремената влада на Либија, со седиште во источна Либија, а министерот Осама Хамад за РИА Новости изјави дека „тероризмот нема религија и националност“.

Сочувство и осуда за нападот изразија и министерствата за надворешни работи на Италија, Германија, Луксембург, Белорусија, Египет, Казахстан, Киргистан, Катар, Куба, Боливија, Венецуела, Узбекистан, Турција, Ерменија, Малта, Јордан, Таџикистан, Мексико, Колумбија, Австрија, Сирија …

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ