Само во Македонија: Ученик во Тетово запишан во четврта година без да заврши трета

мај 13, 2023

Кривична пријава за „несовесно работење во службата“ доби В.Ѓ.(61) од Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека при контрола од Државниот просветен инспекторат во Регионалниот центар за стручно образование „Моша Пијаде’’ во Тетово, биле констатирани неправилности во издавањето на свидетелства за завршена прва и втора година на Ј.А.(45) од Тетово.

„Просветниот инспектор констатирал издавање на свидетелството за завршена втора година пред датумот на издавање на свидетелството за прва година. Констатирани биле неправилности и во водењето главна книга за запишување на вонредните ученици за 2001/2002 година, односно направени се корекции во годината на полагање на испити без потпис на директорот и печат на училиштето. Од увидот во главната книга за учебната 2002/2003 година било утврдено дека на Ј.А. не му било издадено свидетелство за завршена трета година, а се запишал четврта година и полагал три испита од истата година пред да ја заврши третата година“, соопшти МВР.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ