strumica denes logo

РЕАКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: 20 години ги слушаме ветувањата на вечниот функционер Даскаловски – Останаа натрупани само празните ветување кои струмичани ги паметат!

Автор:

Датум:

август 15, 2025

Автор:

Датум:

август 15, 2025

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

Почитувани,

Две децении Струмица ги слуша лажните ветувања на вечниот функционер Даскаловски

Даскаловски две децении е присутен на политичката сцена. Повеќе од 15 години е Претседател на ОО СДСМ Струмица во три мандати Претседател на Совет на Општина Струмица и две години пратеник во Македонското собрание.

Струмичани речиси две децении го плаќаат Даскаловски за да креира подобри услови за живеење во Струмица. Но, од Даскаловски останаа натрупани само празните ветување кои струмичани ги паметат.

На изборите во 2009 година Даскаловски како носител на листа на СДСМ им вети на струмичани два нови булевари, од Жито Струмица до терминалот и долж Свети Илијскиот порој, вети катна гаража кај стадионот, затворен базен, сала за гимнастика, цветен пазар, велосипедска патека од Куклиш до Банско, канализација во Сачево.

Во 2014 пред како пратеник во Македонското собрание ветуваше изградба на експресен пат Струмица – Штип и проширување на патот Струмица – Ново село.

Даскаловски на локалните избори во 2017 како носител на листа за СДСМ заедно со тогашниот Градоначалник Коста Јаневски пред струмичани ветија нов транзитен пат околу Струмица, интегриран систем за комунален отпад и зелени кровови на зградите, доводен цевковод од брана Водоча до филтер станица во Струмица. Од овој мандат се една купа промашени проекти и кредити кои до денес ги плаќа Општина Струмица.

На последните локални избори во 2021 Даскаловски со програмата на СДСМ ни ветуваа нова противпожарна станица, локален пат Сачево – Свидовица, локален пат Просениково – Дабиле и многу други.

Ова се само мал дел од проекти кои Даскаловски ги ветуваше во изборите и со кои се излажани струмичани и жителите на населените места.

За време на Даскаловски како креатор на политики на СДСМ во Општина Струмица, јавните претпријатија тонат во долгови, Струмица е град со најголемо ниво на аерозагадување, град со лоша комунална хигиена, град кој остана без вода за пиење.

Што ново ќе понуди Даскаловски пред струмичани, кога за 2 децении има еден куп лажни ветувања, лоши политики и, нереазлизирани проекти.