strumica denes logo

ОБЈАВА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ ПО АКЦИЈАТА ВО СТРУМИЦА: Покажавме дека сплотениот тим е посилен од се’ – Продолжуваме посветено!

Автор:

Датум:

септември 12, 2024

Автор:

Датум:

септември 12, 2024

Гордана Димитриеска-Кочоска, тековен министер за финансии на Република Македонија:

Почитувани,
Сакам да искажам огромна благодарност до Управата за јавни приходи и директорката Елена Петрова, а особено до колегите од Струмица и другите градови кои денес заедно со мене цел ден неуморно работеа во спроведување на акцијата во Струмица. Дел од нив директно со мене во Струмица, а дел и низ други градови на Македонија.

Исто така, огромна благодарност до Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност кои беа огромна поддршка на колегите од УЈП.

Денес покажавме дека сплотениот тим е посилен од сѐ.
Продолжуваме посветено и одговорно за доброто на сите!