strumica denes logo

НАСТАВНИЧКИТЕ АНA ЦУНЕВА ТИМОВА И КОСТАДИНКА ОНЧЕВА ОД „БОРО ЏОНИ“ НАГРАДЕНИ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА МУЗИЧКИ И БАЛЕТСКИ ПЕДАГОЗИ!

Автор:

Датум:

февруари 25, 2026

Автор:

Датум:

февруари 25, 2026

Наставничките Ана Цунева Тимова и Костадинка Ончева од Основното општинско музичко училиште „Боро Џони“ – Струмица се меѓу годинашните добитнички на признанија што ги доделува Здружението на музички и балетски педагози на Македонија.

Ана Цунева Тимова е наградена за повеќегодишна успешна работа, признание што ја истакнува нејзината долгогодишна посветеност и континуиран професионален придонес во музичката едукација. Костадинка Ончева, пак, ја доби наградата за едногодишна успешна работа, како потврда за постигнатите резултати и ентузијазмот со кој ја одбележала изминатата година.

Од училиштето посочуваат дека признанијата се силна потврда за стручноста и вложувањето на наставничките во развојот на младите музички таленти, како и за квалитетот на наставниот процес. Свеченото доделување беше надополнето со концертен настап, во кој учество имаа и ученици на наградените наставнички, презентирајќи дел од постигнувањата што произлегуваат од нивната работа.