strumica denes logo

НАРОДОТ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ’ ПОМАЛКУ ПЛАЌА ЌЕШ, А СЕ ПОВЕЌЕ ПЛАЌА ДИГИТАЛНО!

Автор:

Датум:

октомври 14, 2024

Автор:

Датум:

октомври 14, 2024

Податоците Народната банка за платежната статистика за вториот квартал од 2024 година, покажуваат тренд на натамошна засилена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата.

Таквиот тренд е особено забележлив од страна на граѓаните, како при употребата на платежните картички, така и при употребата на решенијата за мобилно плаќање при електронско иницирање на кредитните трансфери, односно платните налози.

„Во вториот квартал од 2024 година, забележан е значителен годишен раст кај бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во трговијата во земјата, со картичките издадени од домашните даватели на платежните услуги од 17,2 отсто, и 16,2 отсто, соодветно. Растот на бројот на платежните трансакции се должи пред сѐ на високиот годишен раст на плаќањата во е-трговијата во земјата од 21,8 отсто, при солиден раст од 16,8отсто и на плаќањата на терминалските уред ПОС“, соопшти Народна банка.

Годишен раст е забележан и кај плаќањата на граѓаните со платни налози, особено кај бројот на платежните трансакции од 9,4отсто, како и помал годишен раст од 0,9 отсто кај вредноста на остварените трансакции, при натамошна зголемена употреба на дигиталните канали за иницирање на овие плаќања.

Бројот на платежните трансакции со користење на апликациите за мобилно плаќање во вториот квартал од оваа година е поголем за 44,3 отсто од бројот на овие трансакции во истиот период од 2023 година, а солиден годишен раст од 12,6 отсто е забележан и кај бројот на трансакциите иницирани преку онлајн банкарството. Притоа, со користење на апликациите за мобилно плаќање, граѓаните извршиле 63,7 отсто од вкупниот број електронски иницирани платни налози, што укажува на сѐ поголемата употреба на решенијата коишто им овозможуваат побрзо и поедноставно иницирање на платежните трансакции.