На 30.10.2024 во 18.45 часот полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 27-годишен жител на струмичко, поради сомнение дека извршил обљуба врз 20-годишна жителка на радовишко село, со која живеел во вонбрачна заедница. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА 27 ГОДИШНО МОМЧЕ ОД СТРУМИЧКО – ЈА СИЛУВАЛ ДЕВОЈКАТА СО КОЈА ЖИВЕЕЛ!
