strumica denes logo

КОСТАДИНОВ КОЈ ГЛАСАШЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО, СЕГА ГЛУМИ ПАТРИОТ, ВЕЛАТ ОД ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јуни 18, 2025

Автор:

Датум:

јуни 18, 2025

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица денеска јавно реагираше на последните изјави и настапи на градоначалникот Костадинов, оценувајќи ги како лицемерни и неискрени. Од партијата велат дека токму Костадинов, кој во минатото гласаше за промена на уставното име на државата и беше активен промотор на политиките поврзани со т.н. „Северна“, денес се обидува да се претстави како патриот.

„Ова е човекот кој во време на најголемата политичка и идентитетска криза ја бранеше предавничката политика на сопствената партија, а заради тоа, беше и обезбедуван од полицијата – не од странски закани, туку од сопствените сограѓани,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

Од партијата посочуваат дека денес, Македонија е држава со променето име, загрозен идентитет и намалено меѓународно достоинство, но за сметка на тоа, како што тврдат, семејството на градоначалникот отворило неколку компании, а самиот Костадинов ужива во луксузни услови на живот и вози скапи автомобили.

„Костадинов можеби наскоро ќе се повлече од политичката сцена, но неговите политички одлуки и поддршката за штетните национални политики ќе останат запишани во темните страници на македонската политичка историја,“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.