Д-р Никола Маџунков е назначен за носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица. Тој упати голема благодарност до претседателот на партијата, проф. д-р Христијан Мицкоски, за укажаната чест и доверба.
Маџунков изјави дека довербата ја прифаќа со чувство на силна одговорност кон својот град и сите населени места во општина Струмица. Според него, граѓаните заслужуваат нова енергија, визија и вистински луѓе кои ќе стојат цврсто зад зборот и делото.
„Време е за вистински промени. Време е Струмица да добие чесно, одговорно и посветено водство. Со поддршката од граѓаните и со силата на единството, сигурен сум дека ќе изградиме подобра и посветла иднина за сите“, нагласи Маџунков.
Тој упати честитки и до сите кандидати на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, која изгледа вака:
Никола Маџунков
Евица Трајанова
Владимир Ристов
Пале Галева
Кире Синдраковски
Анкица Ангова
Кемал Сулејманов
Мила Велкова
Методија Иванов
Јован Симевски
Кристина Ментинова Манчева
Панчe Стојков
Петре Танчев
Никола Андонов
Елена Пандева
Методија Пасков
Ели Велева
Ѓорѓи Христов
Милица Миова
Трајче Трајков
Софче Јанева
Христијан Ефтимов
Меланија Ристова