Позајмувањето пари е чувствителна тема и непријатен процес и треба да имаме разбирање за оние чиј принцип е на никого да не даваат пари.
Колку и да сте блиски со некого, навистина не сте должни да му давате пари, доколку тоа не го сакате. Но, потешко е да кажете на таа личност дека ја одбивате.
Секако, некои луѓе би имале разбирање за тоа дека не сакате да позајмувате што било, а особено пари. Но, има и такви кои ќе ви прибележат за тоа или ќе ви се налутат. Многумина би потклекнале и би позајмиле, дури и кога не сакаат да го направат тоа.
Што мислите вие, вреди ли да се позајмуваат пари на блиски луѓе или не?