strumica denes logo

35 ГОДИНИ ОПШТИНСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ – СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јули 7, 2025

Автор:

Датум:

јули 7, 2025

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица одбележува значаен јубилеј – 35 години постоење, активна политичка борба и ангажман во служба на граѓаните. Основан во бурниот политички контекст од 1990 година, комитетот низ годините прерасна во еден од најважните столбови на партијата на југоистокот од државата.

Во текот на овие три и пол децении, ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Струмица изгради генерации политички кадри, реализираше бројни активности и учествуваше во сите важни политички процеси кои ја обликуваа современата македонска држава. Комитетот беше и останува симбол на идејата за слобода, правда и достоинство, принципи кои се темел на партијата уште од нејзиното основање.

Јубилејот се одбележува со гордост и со нова енергија за идни предизвици. Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Струмица порачуваат дека продолжуваат уште посилно да се борат за интересите на граѓаните, за подобро утре и посилна Македонија.