strumica denes logo

КОСТАДИНОВ СЕКОЈДНЕВНО ПИШУВА ПАНИЧНИ СТАТУСИ СО ПОМОШ НА ChatGPT – ГРАДОТ ТОНЕ ВО ХАОС, НАБРГУ ОДИ ВО ПОЛИТИЧКА ПЕНЗИЈА, ВЕЛАТ ОД ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јуни 20, 2025

Автор:

Датум:

јуни 20, 2025

РЕAКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:

Во изминатиот период, јавноста е сведок на сѐ поочајни и панични фејсбук статуси, очигледно напишани со помош на ChatGPT. Паниката кај Костадин Костадинов е очигледна, политичката пензија се наближува, а фејсбук објавите стануваат сѐ поголема бламажа.

Костадинов глуми патриот на социјалните мрежи, а беше дел од „четата“ која со гордост го промени државното име, чин кој граѓаните го паметат како едно од најсрамните политички предавства.

Додека Костадинов се фали со сам себе, реалноста во Струмица изгледа поинаку: градот е полн со дупки, дел од улиците остануваат неосветлени, а инфраструктурата тоне во заборав.

Секојдневието на струмичани не се менува со фејсбук објава, туку со вистинска работа, нешто што Костадинов не го направи.

Наместо вистински проекти, Костадинов продава евтин маркетинг и илузии. Празни зборови, скапи видеа и сјајни слики не можат да ја покријат празнината што остана зад неговото владеење.

Времето на политички манипулации преку статуси и самопофалби заврши. Костадинов го покажа своето и тоа не беше во корист на градот.

За Струмица, за секое маало, за секоја улица доаѓаат подобри времиња!