Perdormire
Магазин

Rock Symphony на спектакуларното отворање на СОФ 2018!

Популарниот и уникатен проект на Камерниот Оркестар на Битола ќе настапи на официјалното отворање на Струмица ОПЕН фестивал. Проектот насловен „Rock Symphony“ летово за првпат ќе гостува во Струмица на 10 август од 21:00 часот на
сцената кај Чешмичката.

„Камерниот Оркестар на Битола ќе одржи извонреден и енергичен концерт во кој нема да уживаат само љубителите на рок музиката. Веруваме дека оригиналните аранжмани на Владимир Димовски никого нема да остават рамнодушен. Ќе се изведуваат добропознатите хитови на Deep Purple, Led Zeppelin, Queen, AC/DC, Rammstein, Muse и
многу“.

Придружени од оркестарот, како солисти ќе настапат Михајло Трајковски – Сак (Eruption) и Жарко Јакимовски (Backdoor band).
Kaмерниот Оркестар на Битола е основан пред неколку децении, а денес е составен од врвни музичари кои учествуваат на фестивали низ цел Балкан. Особено внимание привлекуваат со нивните проекти „Rock Symphony“, „James Bond Symphony“, „Ladies Symphony“ и „John Williams Symphony“.