- КОКОС КОЦКИ
Префинет и неодолив спој на чоколадо и кокос. Богато уживање за сите љубители на слатки и десерти.
Ова е рецептот, како и начинот на подготовката:
СОСТОЈКИ:
- 250 гр кокос
- 250 гр мелени бисквити
- 250 гр шеќер
- 100 гр чоколадо за готвење
- 125 гр маргарин (плус 50 грама за прелив)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- На блага температура се топи шеќерот со 125 гр маргарин, многу малку вода, кокос и мелените бисквити.
- Се обликува колач од смесата. Ставете на даска или во тепсија.
- Се остава малку во фрижидер, а откако ќе се стегне се прави филот, така што се топи чоколадото со 50 грама маргарин, па со филот се прелева колачот.
- Декорирајте со малку кокос одозгора.
2. ВКУСНИ И СОЧНИ КОЛАЧИ ОД КОКОС
СОСТОЈКИ:
- 1/2 л млеко
- 5 лажици густин
- 10 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 150 гр маргарин
- 1 пакување чајни колачи (1кг)
- 200 гр кокос
- малку млеко и рум
ПОДГОТОВКА:
- Млекото се става да врие, се меша со густинот, шеќерот и ванилиниот шеќер, а потоа се додава и маргаринот.
- Мешајте додека да добиете фил.
- Чајните колачи се макаат во малку млеко со рум, па со мало лажиче им се става од филот и убаво се поминуваат од сите страни во сад со кокос.
- Сето тоа се повторува додека има колачиња и фил.
- Нека отстојат малку во фрижидер, па послужете.
3. СИТНИ КОЛАЧИ ОД ЏЕМ
СОСТОЈКИ:
- 250 гр. маргарин
- 80 гр. шеќер во прав
- 1 ванила
- малку кора од лимон
- 1 јајце
- 1 лажица рум
- 300 гр. брашно
- малку шеќер во прав
- 1 тегла џем
ПОДГОТОВКА:
- Се матат јајцата со шеќер и ванила, кора од лимон рендана, маргарин и рум.
- Се додава брашното и се меси меко тесто.
- Се прават мали топчиња со величина на орев, па се ставаат во плех со хартија.
- Се зема дрвена лажица и со дршката потопена претходно во вода, се прави вдлабнатина.
- Се печат на 180 степени 10 минути.
- Се полнат потоа со џемот. Се става и шеќер во прав.
Уживајте!