СОСТОЈКИ:
350 гр бисквити
200 гр ореви
100 гр карамели
125 гр маргарин
150 гр чоколадо
100-200 гр шеќер
200 мл вода или млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во водата или млекото додајте шеќер па растопете карамели, додајте 50 гр чоколадо и маргарин
Бисквитите издробете ги на ситни парчиња и додајте ситно сечкани ореви. Ставете ги растопените карамели и добро изедначете.
Обложете плех со хартија и ставете ги натопените бисквити и добро притиснете ги.
Оставете ги да се изладат во фрижидер па прелијте со растопено чоколадо.
Кога ќе стегне сечете парчиња по желба.